Марио Балотели изминатата сезона со својот Сион испадна од Суперлигата во Швајцарија, а сега изненадувачки би можел да се врати, ниту помалку, ниту повеќе – во Серија А!
Некогаш големата надеж на италијанскиот фудбал денес има 32 години и јасно е дека не изгради кариера каква што од него се очекуваше, но сега во залезот на кариерата може да добие нова прилика во својата татковина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според, италијанските медиуми Балотели сонува враќање во Италија и сигурно би прифатил, па дури и за помала плата.
Најавите се дека опција е повратникот во друштвото на најдобрите во Италија, Каљари кој од клупата е предводен од легендарниот Клаудио Раниери.
Останува да се види во наредните денови дали Каљари навистина размислува за ангажман на Балотели или станува збор за медиумска шпекулација.