Дома Трансфер зона Изненадување: Дејли Блинд ќе го засили Баерн Минхен

Изненадување: Дејли Блинд ќе го засили Баерн Минхен

Баерн како слободен играч ќе го ангажира холандскиот репрезентативец Дејли Блинд, пишува холандскиот весник „Телеграф“.

Фудбалерот на неколку дена пред Нова година и по враќањето од Светското првенство во Катар го раскина договорот со Ајакс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега се очекува 32-годишниот дефанзивец да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на уште една.

Овој трансфер е големо изненадување со оглед на тоа што Баерн e во потрага по голман кој ќе го замени повредениот Мануел Нојер.

Фаворити за голманот на Баварците и понатаму се швајцарскиот репрезентативец Јан Зомер (Борусија Менхенгладбах побара пет милиони евра обештетување) и Александар Нојбел кој е на позајмица во Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…