Дома Фудбал Италија Изненадувачки транспарент во Торино: Навивачи побараа Алегри да остане тренер на Јувентус

Изненадувачки транспарент во Торино: Навивачи побараа Алегри да остане тренер на Јувентус

Eкипата на Јувентус е во голема резултатска криза. Во последниот месец ипол „старата дама“ победи само на два од девет натпревари.

Со пет порази заостанува дури десет бода зад водечкиот Наполи во Серија А, а во групата за Лигата на шампионите има само три бода во четири кола и е на чекор од испаѓање. Како што стојат работите со Макаби Хаифа ќе се борат за да продолжат во Лигата на Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем број навивачи бараа отказ после поразот од Макаби, меѓутоа претседателот Андреа Ањели излезе во јавноста и потврди дека Алегри ќе остане на клупата. Сега пред тренинг центарот на Јувентус се појави и еден транспарент.

„Мистер Алегри, немојте да си поднесувате оставка. Оние кои се борат против вас не се вредни за овој дрес“, пишуваше на поставениот транспарент.

Алегри во текот на првиот мандат во Јувентус (2014-2019) стана еден од најуспешните тренери во историјата на клубот. Тимот го водеше до пет титули, четири купа и две финалиња во Лигата на шампионите. Меѓутоа откако се врати пред година ипол е далеку од тие успеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …