Дома Фудбал Изброени се деновите на Валверде во Барселона

Изброени се деновите на Валверде во Барселона

Навивачите на Барселона во последно време се многу незадоволни од начинот на кој Ернесто Валверде го води тимот.

Серијата на лоши резилтати во првенството доведе до губење на првото место, а и самиот тренер на каталонскиот тим не е сигурен дали ќе остане на кормилото.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува каталонски „Спорт“, Валверде се чуствува незаштитен во клубот после заминувањето на спортскиот директор Роберто Фернандез.

Преговорите за продолжување на соработката помеѓу двете страни се „замрзнати“ и нема да бидат продолжени до пролет. Клубот реши конечната одлука да ја донесе на крајот на сезоната бидејќи сака играчите да бидат целосно посветени на настапите.

Валверде има договор до крајот на сезоната, па се зависи од резултатите. Минатата година Барса ја освои титулата во Примера, но доживеа непријатна елиминација од Рома во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити …