Дома Фудбал Останато Избрканиот потпретседател од Барселона: Слободно тужете ме, имам докази за се!

Избрканиот потпретседател од Барселона: Слободно тужете ме, имам докази за се!

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона во петокот ги отфрли обвинувањата од потпретседателот на Емилио Роусанд кој во интервју на радио кажа дека „некој ја ставил раката во благајната“ при ангажирање на кампањата за управување со друштвените мрежи.

„После тешките обвинувања кои ги изнесе господинот Роусанд во такот на интервјуто за медиумите, Барселона отфрла било каков чин кој би можел да се карактеризира како корупција. Поради тоа го задржува правото да отвори судска постапка“, порачаа од Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оставки покрај Роусанд поднесоа уште: Енрике Томбас, Силвио Елиас, Жозе Понт, Марија Тексидор и Жорди Калсамиља. Сега во раководството има 13 членови место 19.

„Дојдовме до точка до која не гледавме дека може да се врати критериумот потребен за правилно управување со клубот. Предложуваме што побрзо да се организраат нови претседателски избори. Бартомеу има мандат до 2021 година, а минатиот месец порача дека нема да повика предвремени избори. Роусанд фигурираше како негов кандидат за да се продолжи континуитетот на сегашното раководство“

Роусанд не се плаши од тужба затоа што тврди дека има докази.

„Тоа што кажуваат дека ќе отворат правна постапка не значи ништо. Јасно ми е дека ми се закануваат. Јас стојам зад се што кажав и имам докази. Ако правните служби проверат ќе видат дека нема причина за тужба против мене. Што повеќе, тоа можеби би било добро бидејќи ќе значи дека случајот детално ќе се разгледа, а јас имам докази кои сигурно би биле прегледани. Отварањето тужба е бесплатно – слободно продолжете“, порача Роусанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…