Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата, но најдобриот играч доаѓа од Манчестер Сити.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн е прогласен за најдобар играч во сезоната 2019/2020.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фантастичниот Белгиец блескаше и покрај фактот што не успеа со својот тим да дојде до титулата во Премиер лигата. На 35 настапи во ПЛ постигна 13 голови и запиша неверојатни 20 асистенции што е фантастичен податок.
Според многумина Де Брујн веќе неколку години фигурира како играч кој може да се вмеша во борбата за „Златната топка“ меѓутоа не му одат во прилог резултатите на Сити во Европа. Оваа сезона „граѓаните“ испаднаа во четвртфиналето, а веќе четири години наназад не успеаваат да стигнат ниту до полуфиналето.
Introducing your 2019/20 @EASPORTSFIFA Player of the Season…
— Premier League (@premierleague) August 16, 2020
✨ ????? ?? ?????? ✨#PLAwards pic.twitter.com/I2EJPUPLz8