Дома Фудбал Избран голот на месецот во Премиер лигата: Имаше ли дилеми?

Избран голот на месецот во Премиер лигата: Имаше ли дилеми?

Сосема очекувано и заслужено, Алехандро Гарначо ја освои наградата за гол на месецот за неговиот погодок во натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Евертон.

Аргентинецот со спектакуларни ножички ја погоди мрежата на ривалот и го отвори резултатот, Манчестер Јунајтед тој натпревар го доби со 3:0.

Инаку, Јунајтед ги собра наградите и во другите категории. За играч на месецот беше прогласен Хари Мегваер додека за тренер на месецот наградата заврши во рацете на Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гордиќ го предводеше Скопје до важни бодови во битката за опстанок

Скопје го совлада Арсими со 2-1 во Автокоманда и во 14. коло ја запиша првата сезонска поб…