Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интересот на многу европски гиганти.
Низ медиумите се појави информација дека поради лошата финансиска состојба Барселона ќе ја продаде младата ѕвезда иако станува збор за голем потенцијал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, приоритет на Каталонците е да го задржат 20-годишниот играч за врска, за кого интерес покажуваат некои богати клубови ширум Европа.
Педри има договор со Барселона до 2026 година, но е еден од најмалку платените фудбалери во тимот, па бара значително зголемување на платата.
Барселона се надева дека наскоро двете страни ќе најдат заеднички јазик и Педри ќе стави потпис на нов договор.
💣 #FCBarcelona 🔵🔴🇪🇸
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) April 12, 2024
Barcelona believes midfielder Pedri will extend his contract despite interest from Ligue 1 and Premier League clubs. https://t.co/fBB3etsmR6 pic.twitter.com/wQxHIsZcfA