Дома Фудбал Останато Игуаин одигра одличен натпревар и во драматичен натпревар донесе победа за Интер Мајами 🎥

Игуаин одигра одличен натпревар и во драматичен натпревар донесе победа за Интер Мајами 🎥

Фудбалерите на Интер Мајами славеа на гости против Синсинати со 3:2, а херој на овој клуб беше Гонзало Игуаин.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Игуаин на крајот на минатата сезона одлучи да го напушти Јувентус и кариерата ја продолжи во САД.

Аргентинскиот напаѓач не можеше да го одбие повикот од Дејвид Бекам и да дојде во Мајами.
За викендот Интер играше против Синсинати и гледавме еден одличен натпревар. Гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа во седмата минута кога погоди Шеа. Половина час подоцна Игуаин постигна убав гол за 2:0.

Во второто полувреме Синсинати се врати во натпреварот и го изедначи резултатот. Сепак, последниот збор на натпреварот го имаше Игуаин. Во 85. минута после одлична акција и асистенција на Морган аргентинскиот напаѓач го постигна вториот гол за 3:2 и така донесе три бода за својата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…