Дома Фудбал Останато Игуаин ги откри плановите за продолжување на кариерата

Игуаин ги откри плановите за продолжување на кариерата

Аргентинскиот фудбалер, Гонзало Игуаин денеска изјави дека ужива во Јувентус, но би сакал кариерата да ја заврши во Ривер Плата, таму каде што и ја започна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Иднината е неизвесна. Имам уште две години договор, па ќе видиме. Многу сум поврзан со Ривер, ги гледам натпреварите и среќен сум кога им оди добро. Да бидам искрен, не знам што ќе се случи. Во моментов сакам да продолжам да уживам во Јувентус“, изјави 31-годишниот Аргентинец.

Игуаин кариерата ја започна во Ривер, пред да се пресели во Реал во јануари 2007. година. Потоа играше за Наполи и Јувентус, а летово се врати во торинскиот клуб по позајмицата во Милан и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суарез брутално искрен: Кејн е подобар од Халанд!

Поранешниот напаѓач на Барселона и еден од најдобрите голгетери во последните две децении,…