Дома Трансфер зона Играчот за кој Јунајтед ќе плати 40 милиони евра не бил добар за Јувентус и Рома

Играчот за кој Јунајтед ќе плати 40 милиони евра не бил добар за Јувентус и Рома

Амад Диеало од вчера и официјално е нов играч на Мманчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот офанзивец од Брегот на Слоновата Коска во октомври ги договори своите лични услови со англискиот клуб, а на „Олд Трафорд“ се пресели откако доби италијански пасош. За неговите услуги на Аталанта Јунајтед ќе и плати 20 милиони евра за трансферот и уште 20 преку бонуси.

Диало важи за голема надеж на европскиот фудбал. Неговиот тренер од младинската селекција, Енцо Гуери откри дека пред да се пресели во Бергамо тој бил на проба во Јувентус, Рома и Сасуоло.

„Веднаш забележавме дека е исклучително талентиран. Освен Атланта беше на проби во Јувентус, Рома и Сасуоло. Сепак, тие проценија дека не е доволно добар за нив. На крај Аталанта се реши да му даде шанса и од денешна преспектива очигледно е дека не погрешија, погледнете колку ќе заработат“, изјави Гуери.

Диало за првиот тим на Аталанта одигра четири натпревари и постигна еден гол. Очекувањата се во Јунајтед прво да одигра неколку натпревари за У23 тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…