Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибра со порака до Дешамп: Смешен си, Бензема треба да биде во Русија, а ти не!

Ибра со порака до Дешамп: Смешен си, Бензема треба да биде во Русија, а ти не!

Француската репрезентација денес потешко од очекувањата ја победи Австралија со 2:1 на првиот меч на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Триколорите“ разочараа со играта и помалку среќно стигнаа до победата, па веднаш почнаа критиките на сметка на селекторот Дешамп.

По тој повод се огласи и Златан Ибрахимовиќ кој смета дека тоа што Карим Бензема не е дел од репрезентацијата е смешно.

„За мене не е нормално што Бензема не е дел тимот на Франција. Тој е еден од најдобрите на светот, ја освои ЛШ и игра за Реал. Тоа што не е во тимот нема врска со фудбалот. Ако овој играч наводно не е доволно добар за овој тим, тогаш тренерот не треба да биде во Русија, а Бензема треба. Тоа е смешно и нема никаква смисла. Ако сакате победа, земате победници, а Бензема е победник“, заклучи Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…