Не е тајна дека Милан е во напредни преговори за враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но „росонерите“ имаат и план Б.
Милан достави понуда до агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола, но се уште се чека одговор на шведскиот голгетер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно Ибра има понуда и од Наполи, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа ги натера „росонерите“ да го активираат „планот Б“.
Поради тоа Малдини и Бобан оствариле контакт со Јувентус за да ја разгледаат можноста за трансфер на Марио Манџукиќ, кој не е во плановите на „старата дама“.
Хрватот е отворен за преселба во Милано, но „росонерите“ се уште немаат дефинирано понуда додека не дојде конечната одлука на Ибрахимовиќ.
Наводно Милан ќе го чека одговорот на Ибра само уште една недела, а потоа ќе започне детални преговори со агентот на Манџукиќ.
Report: #ACMilan annoyed with #Ibrahimovic; contacts with #Mandzukic https://t.co/45okKXoDXT pic.twitter.com/FINS0CMDEf
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) December 12, 2019