Дома Фудбал Италија Ибра се пофали дека е блиску до враќање на терените

Ибра се пофали дека е блиску до враќање на терените

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ најави дека е блиску до враќање на терените.

41-годишниот напаѓач објави „стори“ на Инстаграм на кое покажа дека почнал да тренира со топка, а потоа ја покажа и насмевката.

Ибрахимовиќ нема одиграно ниту една минута оваа сезона, откако го оперираше коленото во јуни.

Иако е во зрели години, Ибра успеа да ја помине рехабилитацијата успешно и во предвиденото време да се врати на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…