Златан Ибрахимовиќ сега зборуваше за неславната епизода во Барселона и неговиот однос со Пеп Гвардиола.
Гвардиола ја напушти Барселона после само една сезона и во 2009 година се пресели во Баерн, а сега тврди дека истата работа Пеп му ја направил и на Манџукиќ во Баерн.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Барселона таа година ја освои Лигата на шампионите и ме посакуваа. Ми беше тешко да го напуштам Интер бидејќи имав добар однос со Морати. Максвел исто така таа година премина во Барса и му кажав: Ти ги давам моите копачки, нека ме чекаат загреани“, открива Ибра.
„После два дена се сретнаа луѓето од Интер и Барса и се договорија за само 20 минути. Ме повика Мино и ми кажа дека се е завршено. Добро започнав, тоа беше тим од соништата со Меси, Чави, Иниеста, Анри и Дани Алвеш. Потоа Гвардиола ја промени тактиката. Останав на клупата, а тој не сакаше да зборува со мене“, се потсети Ибра и додаде:
„Заминав бидејќи не сакав некој да прави будала од мене. Подоцна видов дека истото им го направи на Ето и Манџукиќ. Не е тој најлошиот тренер со кој сум работел, но се однесува како дете. Тој не ги решава своите проблеми, туку бега од нив“, изјави Ибра.