Дома Фудбал Останато Ибра: Не грижете се за моите години, лавот е се уште гладен!

Ибра: Не грижете се за моите години, лавот е се уште гладен!

Златан Ибрахимовиќ вчера и официјално беше претставен во својот нов клуб Лос Анџелес Галакси, каде ќе игра најмалку до крајот на сезоната во МЛС лигата.

Ибрахимовиќ на конференцијата за медиумите откри дека пред две години бил на чекор од доаѓање во МЛС лигата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Се требаше да се случи пред две години, во главата веќе бев овде. Сакав да дојдам и се беше договорено. Не се случи тогаш. Но судбината сакаше сепак да дојдам. Ме повикаа од ЛА и веднаш се согласив. Дојдов овде да победувам. Знам дека ќе успеам“, изјави Ибра.

„Се чувствувам млад. Се чувствувам како Бенџамин Батон. Роден сум возрасен, но ќе си заминам млад. Не грижете се за мојата возраст. Истото се зборуваше и кога заминав во Англија. Ме пречекаа во инвалидска количка и за три месеци ја покорив Европа. Зборуваа дека летам, хејтерите станаа мои фанови. Јас знам на што сум способен и тука сум за да освојувам трофеи. Лавот е гладен!“, додаде Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …