Шведската супер ѕвезда Златан Ибрахимовиќ има големо его и тоа на сите им е јасно и воопшто не е паметно да му се спротиставите, па дури и ако сте водителот Џими Кимел.
Кимел се обидуваше да на Ибрахимовиќ да му објасни дека фудбалот се нарекува сокер, а не фудбал, но на крајот мораше да се откаже.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Слушај, прво и основно, сокер-фудбал, така го нарекуваме во Европа“.
„Ние го нарекува сокер! Прифати го тоа“, не се откажуваше Кимел.
„Ние тоа го нарекуваме фудбал. Тоа е најголемиот спорт на светот. Замислете само кога играте фудбал и кога си на врвот како се чуствуваш“, пресече Ибра.
Во продолжение погледнете дел од гостувањето на Ибра во американското шоу.