Дома Трансфер зона Ибра го напушта Милан – познат следниот клуб

Ибра го напушта Милан – познат следниот клуб

Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на сезоната, барем така тврдат италијанските медиуми.

Иако со неговото доаѓање на „Сан Сиро“ Милан започна да игра нешто подобро, сепак двете страни ќе се разделат по завршување на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот не е спремен да му понуди нов договор на 38 годишниот напаѓач поради неговата висока плата од 6 милиони евра по сезона.

„Скај Италија“ тврди дека Ибра веќе донел конечна одлука и кариерата ќе ја продолжи во Шведска.

Ибрахимовиќ неодамна купи дел од акциите на Хамарби и најверојатно таму ќе игра уште една сезона, пред да ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…