Легендарниот Златан Ибрахимовиќ иако наскоро ќе наполни 42 години, сепак доби повик за шведската репрезентација.
Ибра, кој викендов стана најстар стрелец во историјата на Серија А, во свој стил прокоментира дека тој е минато, сегашност и иднина на шведската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се чувствувам добро и секогаш кога е така и кога тренерот ќе ме избере, ќе се обидам да му помогнам на тимот. Мислам дека на мои години не можете да размислувате за иднината, туку морате да размислувате за сегашноста, иако јас сум минато, сегашност и иднина“, порача Ибрахимовиќ.
Со 62 гола на 121 натпревар Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец во историјата на Шведска, а сега е повикан за натпреварите против Белгија и Азербејџан.