Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ веќе е добро познат во јавноста по своите изјави со кои знае да ја насмее целата планета.
Ибрахимовиќ во овој момент игра во САД во тимот на ЛА Галакси, а секако дека со него е и неговото семејство. Швеѓанецот е во брак со Хелена со која има два сина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Познат е по тоа што нема влакна на јазикот, а тоа го покажа и во вчерашната изјава за американските медиуми. Тој призна дека сака да игра видео игри и дека тоа му е опсесиај уште од времето додека настапувал за Ајакс.
„Не се се срамам да кажам дека сум гејмер и дека сама да играм видео игри. Секогаш ми бил интересен тој свет уште од времето додека играв со АјАКС. Се сеќавам дека тогаш го купив најголемиот телевизор кој можев да го најдам, а имав и специјален кревет и конзола, сакав да играм ПЕС. Кога беше воведена опцијата да можеш да играш онлајн со целиот свет ми стана уште поинтересно, а тоа го правам и сега иако имам 36 години. Добро ми доаѓа кога ќе се скарам со сопругата, тогаш таа не сака да зборува со мене и ме заклучува во соба со синовите. Ние по цел ден играме видео игри, па понекогаш не ни забележуваме дека не можеме да излеземе“, откри Ибра.