Пред 12 дена, Златан Ибрахимовиќ се збогуваше од кариерата како фудбалер и одржа емотивен говор на „Сан Сиро“ по натпреварот помеѓу Милан и Верона. Не помина долго, а сега се пишува за негов нов ангажман.
Според последните информации, Милан му понудил функција која досега ја немало во клубот. Имено, ако Швеѓанецот прифати тој би требало да биде врска помеѓу играчите и управата на клубот, засега Ибра не донел одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач кариерата ја започна во родниот Малме, потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Ќермен, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси и повторно во Милан каде што стави крај.
Лигашки титули славеше со Ајакс, Јувентус, Интер, Барселоан, ПСЖ и Малме, од европските натпреварувања ја освои Лигата на Европа со Јунајтед, Лигата на шампионите остана негов сон.