Џеси Лингард би можел многу брзо да го напушти Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лингард неодамна испадна од сите комбинации кај стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и шанса добива само во помалку важните натпревари. Тешко е да се очекува дека оваа сезона ќе игра во Премиер лигата, па 27 годишникот е на излезни врати од „Олд Трафорд“.
Иако преодниот рок во Англија заврши во понеделникот во Португалија тој е отворен се до 25. октомври и токму гигантот од оваа земја, Порто е заинтересиран за Лингард.
Порто сака Лингард да го доведе на позајмица. Изгледа дека и самиот фудбалер е спремен за нов предизвик и ваквиот трансфер би можел да биде од корист за сите страни.
Португалците ќе се обидат да го завршат, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.