Дома Фудбал Останато Зошто Суарез денес допатува во Италија?

Зошто Суарез денес допатува во Италија?

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез денес допатува во Италија.
Причината за неговото доаѓање не е некаков трансфер, иако за тоа многу се пишуваше во претходниот период, туку тој ќе оди на тестирање за добивање италијански пасош.

Неговата сопруга е државјанка на Италија. Суарез сака да добие пасош за повеќе да не се смета за странец во Европа и денес во Перуџа ќе полага тест за државјанство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суарез во изминатиот период се поврзуваше со Јувентус. Имаше договор со „старата дама“ но преговорите брзо пропаднаа бидејќи Суарез не сакаше да се откаже од оштетата која ја бараше од договорот во Барселона.

Потоа се случи се пресврт. Тренерот на Барселона, Роналд Куман порача дека ќе смета на него и наредната сезона, но дека нема да има ништо против и ако сака да замине. Сепак, веројатноста дека ќеостане сега е поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…