Дома Фудбал Зошто Зидан ги „отпиша“ Валверде и Одегард?

Зошто Зидан ги „отпиша“ Валверде и Одегард?

Во последните денови во шпанската јавност една темите се Мартин Одегард и Валверде кои ја изгубија довербата од Зинедин Зидан.

Валверде беше вистинско освежување пред почетокот на пандемијата минатата година. Пред само една година беше прогласен за најдобар играч во шпанскиот Супер Куп, тогаш ги воодушеви сите со својата сопсобност да ја промени играта на Реал. Сепак, сега тој е во втор план. Одегард минатото лето беше вратен во клубот после одличната сезона во Сосиедад и се очекуваше да биде од голема корист, а во последните пет натпревари тој на теренот беше само пет минути.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајцата во овој момент се во незавидна позиција. Навивачите можеби се уште веруваат во нив, меѓутоа Зидан очигледно нема такво мислење. Валверде е во нешто подобра ситуација затоа што во овој момент е четврти избор во средниот ред и замена за стандардното трио Модриќ-Касемиро-Крос, додека Одегард во потешка ситуација.

Норвежанецот последен пат беше стартер во непријатниот пораз од Шахтјор на 1. декември, па веројатно преовладува мислењето дека тој е еден од виновниците за тој неуспех. Тоа секако не влијае добро на психата на младиот фудбаер.

Шпанските медиуми претпоставуваат дека Зидан дошол до момент во кој сфатил дека кога сезоната се решава можат да помогнат оние најискусните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …