Голманот на швајцарската репрезентација, Јан Зомер е спремен да ја напушти Борусија Мехенгладбах и кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.
Се очекува токму Зомер да биде замената за Мануел Ноер, кој се повреди и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баварците се во потрага по негова замена, а изборот паднал токму на Зомер, кој има големо искуство во Бундеслигата.
Договорот на Зомер со Борусија исто така истекува во јуни 2023 година, па може за симболична сума да го напушти клубот во јануари.
Тој со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а бранеше одлично и за Швајцарија на Мундијалот.
🚨 Bayern Munich want Yann Sommer to replace the injured Manuel Neuer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 20, 2022
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/zeWZegMASN