Јапонскиот репрезентативец во брзо лизгање на кратки патеки Кеи Саито (21) поради позитивен допинг тест е првиот суспендиран на ЗОИ во Пјонгчанг.
Судскиот арбитражен суд задолжен за процесирање на допинг случаевите порача дека Кеи Саито бил позитивен на ацетазоламид, средство кое може да ја прикрие употребата на други забранети супстанци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кеи Саито ја прифати привремена суспензија и доброволно го напушти олимпиското село. Пресудата ќе биде донесена по завршувањето на олимписките игри. За медиумите тој негираше дека свесно земал допинг.
„Се советувам со медицински стручњаци со цел да спречам повреди. Внимавав на храната и пијалоците. Во никој случај немав намера да внесам ацетазоламид и одговорно тврдам дека тоа е направено сосема случајно“, изјави Кеи Саито.