Кошаркарите на Златибор обезбедија пласман во финалето на завршниот турнир во АБА2 лигата кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ откако со 98:83 славеа над Борац Бања Лука.
Победата на Златибор значи дека евентуален триумф на МЗТ Скопје во второто полуфинале, ќе значи и директен пласман на „металците“ во АБА лигата следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку МЗТ победи вечерва, оди директно во АБА лигата, а поради правилото да нема повеќе од пет екипи од иста земја во најсилното натпреварување, Златибор ќе игра бараж против најслабо рангираниот тим од Србија.