Дома Трансфер зона Зидан се „заљуби“ во ѕвездата на Монако

Зидан се „заљуби“ во ѕвездата на Монако

Зинедин Зидан сака во Реал Мадрид да го донесе 19-годишниот дефанзивец на Монако, Беноа Бадијашил, пренесуваат француските медиуми.

Бадијашил кој е висок 1,92 метри и важи за еден од најнадежните на неговата позиција, па веќе го доби епитетот „новиот Варан“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Бадијашил веќе две сезони е стандарден во одбраната на Монако и моментално на трансфер-пазарот вреди околу 30 милиони евра.

За 19-годишниот дефанзивец интерес покажуваат и клубовите од Манчестер, но Зидан може да одигра клучна улога при трансферот.

Тој наводно стапил во контакт со младиот фудбалер и го убедил да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, бидејќи во него гледа долгорично решение во одбраната.

Монако не сака да го продаде ова лето, па Реал Мадрид е спремен да го остави фудбалерот една година во „кнежевството“ и следното лето да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…