Дома Фудбал Репрезентации Зидан селектор на „ галските петли“?

Зидан селектор на „ галските петли“?

zidane

Зинедин Зидан имаше фантастична играчка кариера, а истото може да се каже и за неговата досегашна како тренер, сепак Перез е познат по нетрпеливоста.

Французинот од “рушевините“ на Рафа Бенитез минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а оваа сезона стигна до титулата во шпанското првенство и повторно ќе игра во финалето.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Зидан за многу кратко време ги достигна најголемите тренерски висиочини, па прашање е каков предизвик би можел да има после работата во најголемиот европски клуб.

Освен да добие повик да ја предводи селекцијата на Франција, што припродно му припаѓа. За тоа зборуваше неговиот долгогодишен соиграч, Фрак Лебеф.

„Не знам кога Дешам ќе замине или кога сојзуот има намера да ја прекине соработката, но сите чуствуваме дека Зидан ќе биде новиот селектор. Поточно, прашањето е дали тој тоа го сака, бидејќи ако продолжи со успесите во Реал веројатно нема да размислува за друга работа. Многу е тешко долго време да бидете тренер на Реал Мадрид, господинот Перез е многу нетрпелив“, изјави Лебеф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…