Дома Фудбал Зидан: Оваа работа е стресна, нема долго да бидам тренер

Зидан: Оваа работа е стресна, нема долго да бидам тренер

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан признава дека не планира уште долги години да биде во тренерските води.

Французинот истакна дека тренерската работа е стресна и многу го троши, па не е далеку од пензија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нема да бидам тренер 20 години, тоа е сигурно. Ќе се пензионирам порано. Јас сум необичен тренер, така што не планирам ништо долго. Засега, ме возбудува секојдневната работа, но колку долго ќе трае тоа, не знам. Во мојата глава уште сум фудбалер. Бев фудбалер 18-19 години и кога ме прашуваа дали ќе бидам тренер, им велев не. Потоа решив да станам тренер. Но, оваа работа навистина ме троши“, изјави Зидан.

Зидан е по втор пат на клупата на Реал Мадрид и изминатите пет години се етаблираше во еден од најдобрите и најтрофејни тренери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…