Дома Фудбал Зидан не ја затвори вратата за враќање на Роналдо

Зидан не ја затвори вратата за враќање на Роналдо

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во спортските медиуми откако се засилија шпекулациите за негово заминување од Јувентус на крајот на сезоната.

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека агентот на Роналдо веќе остварил контакт со Реал Мадрид, па Португалецот може да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

Свој коментар на оваа тема даде и Зинедин Зидан, кој не ја затвори вратата за Кристиано Роналдо.

„Знаете кој е Кристиано, што направи тој за клубот и колку многу би сакале да го имаме. Тука тој направи историја, тој е фантастичен. Сега е фудбалер на Јуве и не можам да ви кажам ништо за тоа што прашувате. Тој е фудбалер на Јувентус и треба да го почитуваме тоа“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…