Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан имал разговор со агентот на Пол Погба, Мино Раиола, пренесуваат француските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Медиумот открива дека Зидан сам ја иницирал таа средба за да го убеди Раиола дека не се откажал од Погба и дека играчот на Манчестер Јунајтед е се уште во неговите трансфер планови.
Зидан се обидува да го донесе својот сонародник во Мадрид веќе подолго време, Погба е отворен за преселба на „Сантиаго Бернабеу“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.
Англиските медиуми пренесуваат дека Погба ова лето за сите заинтересирани клубови ќе биде „невозможна мисија“ бидјќи Јунајтед поставил висока цена.
Имено, „црвените ѓаволи“ ќе се согласат да го пуштат само доколку пристигне понуда од 145 милиони евра.