Реал Мадрид вчера не успеа да го победи Бетис и да го превземе врвот на табелата во Ла Лига.
„Кралевите“ беа поблиску до победа од Бетис што е и очекувано, но сепак гостите успеаа да издржат, а тимот на Зидан остана без два бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имаше Реал свои шанси, најдобрите ги пропуштија Менди и Винисус, но располжениот гостински голман и недостатокот на ефикасност беа причините поради кои не видовме голови.
Навивачите на Реал Мадрид освен од резултатот после натпреварот се незадоволни од она што го направиле Хамес Родригез и Герет Бејл.
Бејл поради повреда не доби шанса во овој натпревар, а Хамес по втор пат стана татко. Сепак тоа не е причина да не го догледаат натпреварот на нивниот тим до крај и тоа ова беше натпревар во кој бараа победа до самиот крај.
Двајцата фудбалери на 10 минути пред крајот го напуштил стадионот и се очекува Зидан да превземе чекори или барем да им објасни дека такви работи не изгледаат убаво.
Инаку, Бејл и во минатото коло кога Реал со 5:0 го победи Леганес исто така го напушти стадионот. Тогаш беше и снимен од шпанските новинари.