Дома Фудбал Зидан конечно најде начин да се ослободи од Бејл

Зидан конечно најде начин да се ослободи од Бејл

Мачниот и лош однос помеѓу Герет Бејл и Реал Мадрид наскоро може да го има својот крај.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Велшанецот има исклучително лош однос со тренерот Зинедин Зидан, кој сака да се ослободи од Велшанецот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека 31-годишниот Велшанец сега е многу блиску од заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Реал и минатото лето го стави Бејл на продажба, но Велшанецот остана бидејќи не можеше да најде клуб кој ќе му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона, колку што заработува во Мадрид.

Зидан експлицитно побарал од раководството да се ослободи од Бејл бидејќи според него е „токсичен“ во соблекувалната и ја нарушува атмосферата во клубот.

Бејл има уште две години договор со „кралевите“, а клубот сега му нуди спогодбено раскинување на договорот со отпремнина и Бејл ќе биде слободен да потпише за друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Косово во ист ден со Македонија го претстави новиот дрес – ќе соработува и со ист бренд!

Во ист ден кога Македонија ги претстави новите дресови, истото го стори и косовската репре…