Дома Топ вести Зидан: Кога губиме – ме бркаат, кога победуваме – останувам!

Зидан: Кога губиме – ме бркаат, кога победуваме – останувам!

На тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му се јасни динамичните ветрови кои дуваат околу него.

Последните недели многу се шпекулираше за неговиот евентуален отказ и беше силно критикуван за играта на „кралевите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После победата над Севиља работите се променија, а на Зидан му е јасно дека работите во фудбалот брзо се менуваат.

„Во фудбалот е така. Кога губиме ме бркаат, кога победуваме останувам. Важно е да се има баланс во проценките. За нас е најважно да мислиме на престојните противници. Мене само тоа ме интересира“, изјави Зидан.

„Во лигата оваа сезона може да се случи се, бидејќи е многу израмнета и има одлични тимови. Кога гледаме колку е густо на врвот на табелата тоа значи дека треба да бидеме подобри и да даваме максимум во секој меч“, заклучи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…