Дома Фудбал Останато Зидан за Одегард: Разговаравме, сакаше да замине

Зидан за Одегард: Разговаравме, сакаше да замине

Норвешкито фудбалер Мартин Одегард кон крајот на јанаури го напушти Реал Мадрид и премина на позајмица во редовите на Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одегард во Реал Мадрид се врати минатото лето од позајмицата од Сосиедад и остана во првиот тим, но во првиот дел од сезоната не се наигра многу и затоа одлучи да го напушти клубот.

Норвежанецот можеше да се врати во Реал Сосиедад, но избра да оди во Арсенал и да се проба во Премиер лигата. Арсенал и Реал Мадрид се договорија за позајмица до крајот на сезоната кога „топџиите“ ќе имаат прилика да го откупат неговиот договор.

Зидан сега зборуваше за Одегард.

„Сакаше да замине. Зборувавме два или три пати, едноставно сака да игра. Неговото барање беше да оди на уште една позајмица и тоа е тоа. Му кажав дека јас сакам да остане и да се бори за место во тимот, но тоа не се случи. Се надевам дека сега е среќен со преминувањето во Арсенал“, изјави Зидан.

Иако се мислеше дека Зидан го „отпишал“ Одегард и тој одлучил да оди на позајмица изгледа дека не било така.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …