Дома Фудбал Зидан за мајсторијата на Бензема: На такво нешто не може да се остане рамнодушен

Зидан за мајсторијата на Бензема: На такво нешто не може да се остане рамнодушен

Зинедин Зидан вчера се фати за глава по третиот гол за неговиот тим против Валенсија кој го постигна Карим Бензема.

Валенсија добро парираше во првото полувреме меѓутоа во второто „кралевите“ го скршија отпорот и три пати ја погодија мрежата на „лилјаците“. Во 87. минута Бензема изрежира фудбалска мајсторија во шеснасетникот, сам си ја намести топката и со послабата лева нога испрати одличе удар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот Зидан даде коментар за овој гол и не штедеше комплименти за Французинот.

„Сите кои го сакаат фудбалот го вреднуваат вториот гол на Бензема. Тоа беше убав гол и покрај тоа што не е левак го погоди аголот со послабата нога. На такво нешто не може да се остане рамнодушен. Среќен сум и за голот на Асенсио, ова беше прекрасна ноќ за нас“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …