Дома Фудбал Зидан во проблем: После повредата на Карвахал денес доби нови лоши вести

Зидан во проблем: После повредата на Карвахал денес доби нови лоши вести

Зинедин Зидан изгледа ќе мора да импровизира.

Откако вчера пристигна веста за повредата на Даниел Карвахал денес пристигнуваат нови лоши вести за Реал Мадрид – Алваро Одраизола мора да паузира.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И вториот десен бек е повреден, Одраизола го повреди листот, Реал во кратко соопштение ја потврди повредата, но не откри колку Одраизола ќе отсуства.

Карвахал ќе биде надвор од терените околу два месеци, а ако Одраизола не биде спремен Реал на 25. октомври би играл без десен бек.

Ако на сето ова додадеме дека и Еден Азар и Тони Крос се надвор од тимот поради повреди Реал се наоѓа во голем проблем пред неделното гостување кај Леванте.

Реал после паузата ќе има густ распоред во период од само 10 дена ги чекаат Кадиз и Шахтјор, а потоа гостуваат кај Барселона и Мехнгладбах. Засега е сигурно дека Карвахал и Азар ќе ги пропуштат сите натпревари, останува да видиме кога ќе се вратат Крос и Одраизола.

Против Леванте Реал игра во недела од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…