Дома Останати Тенис Зверев: Никој не може да се споредува со Ѓоковиќ

Зверев: Никој не може да се споредува со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ после три ипол часа голема борба го победи Александар Зверев во полуфиналето на УС Опен, а после мечот Германецот му се поклони на најдобриот во светот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За Зверев никој не може да се споредува со Ѓоковиќ.

„Тој ги руши сите рекорди кои постојат. Ако ја погледнете статистиката и играта, тој е најголем на сите времиња. Никој не може да се споредува со него. Најмногу недели е на првото место, најмногу Мастерси, наскоро сигурно и најмногу Грен слемови“, изјави Зверев кој е четврти тенисер во светот.

Германецот верува дека Ѓоковиќ ќе стигне и до титулата преку Русинот Данил Медведев, вториот носител на АТП листата. Со тоа Ѓоковиќ ќе стане еден од тројцата тенисери кои во иста година ги освоија сите Грен Слемови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…