Дома Останати Тенис Зверев за глупоста во Акапулко: Жал ми е, сакам да им се извинам на сите

Зверев за глупоста во Акапулко: Жал ми е, сакам да им се извинам на сите

Германскиот тенисер, кој е трет на АТП-листата, Александер Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако на мечот во двојки вербално и физички го нападна судијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот почна да го навредува судијата, а по крајот на мечот удираше со рекетот по неговото столче и затоа беше исфрлен од турнирот во Акапулко.

„Тешко ми е, не можам да ви објаснам колку ми е жал поради моето однесување. Му се извиниав на судијата, тоа беше погрешен потег, се разочарав себеси. Не смееше тоа да се случи и нема изговор. Би сакал да им се извинам на сите. Оставам сè на теренот, а вчера претерав. Ќе ги искористам следните денови за да ја оладам главата и да се потрудам никогаш повеќе да не се повтори ова. Жал ми е што ве разочарав“, вели Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави каде ќе игра следниот турнир (Видео)

Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на претстојниот Мастерс во Синсинати. Како ПАМЕТНО да типу…