Дома Тенис Зверев удираше со рекет кон судијата, па беше дисквалификуван 🎥

Зверев удираше со рекет кон судијата, па беше дисквалификуван 🎥

Александар Зверев е исфрлен од турнирот во Акапулко, откако го навредуваше судијата и со рекет удири во неговиот стол.

Сцените биле забележани по завршувањето на натпреварот во машки двојки, во кој Зверев заедно со Бразилецот Марсел Мел го загуби мечот.

Незадоволен од судењето на главниот судија во супер тајбрејк во третиот сет, Зверев „полуде“ и го нарече судијата „идиот“.

Организаторите одлучија да го дисквалификуваат Германецот. Третиот тенисер на светот во сингл конкуренцијата требаше да настапи во осминафиналето против својот сонародник Питер Гојовчик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ им оддаде почит на 16-те жртви од трагедијата во Нови Сад

На втората годишнина од падот на настрешницата, Новак Ѓоковиќ сподели објава во спомен на …