Александар Зверев го совлада Медведев во финалето (2:0) и го освои завршниот Мастерс турнир во Торино.
Германецот, потврди дека е во одлична форма откако во полуфиналето го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, а вечерва во финалето славеше над второрангираниот на АТП листата Данил Медведев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зверев во првиот сет брзо направи бејк, а потоа рутински го освои сетот со 6:4. Ништо не се промени ниту во продолжението од натпреварот. Брејкот во првиот гем беше доволен за Зверев да го освои и вториот сет со 6:4.
За Зверев, ова е втора победа на завршните Мастерс турнири на кои играат најдобрите осум тенисери по освоената титула во 2018-та година, додека Медведев останува на онаа од минатата година.