Српска Црвена Звезда продолжува да се засилува за сезоната во која ќе бидат дел од групната фаза во Лигата на шампионите.
Шампионот на Србија го комплетираше трансферот на новиот голгетер за кого „црвено-белите“ платија сума од 3.5 милиони евра. Во прашање е Емануел Лате Лат од Брегот на Слоновата Коска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на калчолигашот Аталанта. Станува збор за фудбалер кој ги помина сите младински категории на италијанскиот тим, но не доби прилика во првиот тим.
Во последните години беше испраќан на позајмица во неколку клубови, последната ја помина во швајцарскиот Сент Гален каде што постигна 14 голови.
Претходно Звезда се засили со крилниот офајзивец од Славија Прага, Олејинка, а од Сент Етјен пристигна Жан Филип Красо.