Дома Трансфер зона Звезда повторно ќе ја полни касата: Уште еден фудбалер пред милионски трансфер

Звезда повторно ќе ја полни касата: Уште еден фудбалер пред милионски трансфер

Eкипата на Црвена Звезда одново би можела да има милионска продажба. Играше српскиот клуб во Лигата на шампионите, па така фудбалерите од тимот добија дополнителна вредност, а следен кој би можел да ја наполни касата е Осман Букари.

Букари е фудбалер кој во Звезда пристигна во 2022 година од редовите на белгиски Гент за сума од три милиони евра. Во јануарскиот преоден рок Звезда за него доби понуда вредна десет милиони евра од американскиот Чикаго Фајр, но одлучи да не го продава поради амбициите во сезоната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последните најави се дека за Букари сега тимот на Остин Тексас е спремен да прати три помалку, односно седум милиони евра.

Во дресот на Звезда, Букари одигра 77 натпревари, постигна 25 гола и додаде 20 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…