Дома Трансфер зона За што се спрема Јувентус? Сака да доведе 32 годишен напаѓач од Каљари

За што се спрема Јувентус? Сака да доведе 32 годишен напаѓач од Каљари

Минатата сезона Јувентус не блескаше, но под водство на Маурицио Сари клубот од Торино некако успеа да дојде до титулата шампион, а со доаѓањето на Андреа Пирло ситуацијата во италијанскиот шампион не изгледа добро.

Иако од Фиорентина во вторникот го забележаа првиот пораз во Серија А, Јувентус е далеку од врвот и со натпревар помалку заостанува 10 бода зад Милан.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Навивачите на Јувентус се очајни поради лошата играна својот тим, но се надеваат дека со адекватни засилувања во јануари ситуацијата може да се поправи.

Меѓутоа еден од играчите кои се поврзува со Јувентус сигурно не ги израдува навивачите. Раководството на клубот, според „Газета дело Спорт“ ќе се обиде да го доведе 32 годишниот напаѓач на Каљари, Леонардо Паволети.

Во Торино во Паволети гледаат добра замена за Алвардо Мората. Зад себе овој напаѓач има долга кариера во која во главно играше за помали клубови. Едно време беше член на Наполи, а играше уште за: Џенова, Сасуоло, Варесе…

Сезонава на 12 натпревари постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хумелс се сели во Серија А

Дефензивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс може да ја продолжи кариерата во Серија А. …