Дома Фудбал Италија За појавувањето на Михајловиќ на клупата зборуваше докторот од болницата

За појавувањето на Михајловиќ на клупата зборуваше докторот од болницата

Српскиот тренер на Болоња Синиша Михајловиќ се врати на клупата на Болоња во вчерашниот натпревар од првото коло во Серија А.

Пред 40 дена беше објавено дека Михајловиќ боледува од леукемија и веројатно никој не веруваше дека може да се најде на клупата на Болоња во првото коло, но Миха дал ветување кое бил решен да го исполни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За медиумите за ситуацијата на Михајловиќ зборуваше и докторот Микеле Каво од агенцијата Анс.

„Во петокот навечер имаше нови знаци на подбрување и му кажав да се организира, иако му потенирав дека конечната одлука за забрана или дозвола ќе ја донесам помеѓу саботата и неделата“, изјави Каво.

Според неговите зборови Миха уште во четвртокот покажал одлучност да се врати на клупата. Докторот морал да го предупреди поради послабиот имунитет и престојот помеѓу поголема група луѓе.

„Морам да кажам дека се покажа како еден неверојатен пациент за пример. Направи се што му беше кажано, никогаш не одби ниту еден совет или предлог. Носеше заштитна маска кога беше на стадионот, но јас му кажав дека покрај аут линијата на шириокиот простор ризикот е помал и може да ја извади маската“, додаде Каво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…