Репрезентативците на Иран, Мундијалот во Русија каде што имаа исклучително тешка група го завршија на третата позиција.
Уште од моментот кога Иранците ги дознаа своите противниците во групата (Португалија, Шпанија, Мароко) им беше јасно дека за осминафинале ќе им биде потребно чудо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На крајот беа и блиску до такво чудо. Го победија Мароко на стартот со 1:0, против Шпанија одлично се држеа, но на крајот минимално беа поразени. Во последното коло против европскиот шампион, Португалија ремизираа 1:1, а во последните моменти пропуштија 100% шанса за погодок.
Доколку таа шанса беше претворена во погодокот сега тие ќе беа осминафиналисти, а Португалија ќе беше испратена дома.
Сепак и тие резултати беа доволни за во оваа земја да завладее вистинска еуфорија. Фудбалерите на оваа селекција беа дочекани како вистински херои, а на улиците беше приредена голема прослава…