Француските медиуми најавуваат бурно лето во Париз. Имено „светците“ со новиот тренер ќе направат и значителни промени во тимот.
Радиото „РМС“ дознава дека оваа сезона е последна во клубот за капитенот Тиаго Силва и играчот за врска Хавиер Пасторе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајцата во „градот на светлината“ пристигнаа од Италија, Аргентинецот од Палермо во 2011 година, Бразилецот од Милан една година подоцна.
Низ медиумите веќе некое време се појавуваат инфоромации дека и едниот и другиот би можеле да се вратат на Апенините. Се шпекулира дека Силва би можел да се врати во Милан, додека Пасторе уште од зимскиот преоден рок се поврзува со Интер.
Веста за нивното заминувањето од ПСЖ ја лансираше преку Твитер Џонатан Џонсон, новинар кој работи за „ЕСПН“ и е задолжен за Лига 1 и случувањата во францускиот фудбал.