Дома Фудбал Англија За некој и победата од 5:1 против Кардиф не беше доволна

За некој и победата од 5:1 против Кардиф не беше доволна

Ако денот по утрото се познава Манчестер Јунајтед погоди со именувањето на Оле Гунар Солскјер за наследник на Жозе Мурињо.

Солскјер во неговото деби на клупата на Јунајтед славеше убедлива победа против Кардиф со 1:5, но поранешниот играч на овој клуб, Гери Невил не е премногу задоволен од прикажаното.

„Околу 35% од играчите на овој тим беа тука под водство на Дејвид Мојс и тој не можеше да го извлече најдоброто од нив. Околу 55-60% беа тука и под водство на Луис Ван Гал и ниту тој не можеше да го извлече најдоброто. Не сум сигурен дека играчите се доволно добри, некои се, но не сите“, изјави Невил.

Сепак, Невил не сакаше да открива конкретни имиња. Но, како и да е во јануари секако се очекуваат засилувања во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …