Дома Фудбал Италија „Заниоло мисли дека е премногу добар, а доби понуди само од Бормут и Галатасарај“

„Заниоло мисли дека е премногу добар, а доби понуди само од Бормут и Галатасарај“

Николо Заниоло го комплетираше трансферот од Рома во Галатасрај, иако на почетокот се споменуваше дека интерес за играчот за врска има од екипи како Тотенхем и Милан, сепак конкретни понуди пристигнале само од Бормут и турскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бормут се обидуваше да го доведе Заниоло во финишот од преодниот рок во најголем дел од европските првенства, но Италијанецот ја одби понудата затоа што не сакал да игра во клуб кој се бори за опстанок.

Кога преодниот рок во посилните првенства се затвори, а Заниоло не направи трансфер се појави понудата од Галатасарај. Заниоло немаше премногу избор и ако останеше во Рома ќе седеше на клупа до крајот на сезоната, па ја прифати понудата.

Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто по направениот трансфер испрати порака до фудбалерот.

„Си мисли дека е премногу добар и бара висока плата. Но, кога побара да замине конкретни понуди доби само од Бормут и Галатасарај, тоа треба да го подзамисли“, порача првиот оперативец на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суперкомпјутерот ги објави новите пресметки, Аргентина е аутсајдер во битката за трофејот!

Суперкомпјутерот кој го користи реномираната платформа за фудбалска статистика и анализа F…